Искусниот македонски интернационалец Стефан Ристовски, новчано е казнет од страна на дисциплинската комисија на босанската фудбалска федерација поради јавна критика на судењето и судиите во тамошниот шампионат.
Како што е добро познато, Ристовски е член на тимот на Сараево, а на авторитетите во федерацијата им „паднале во око“ изјавите за еден медиум на Ристовски дека критериумот и однесувањето на судиите во Босна не е на потребното ниво.
И официјално потоа, отворена е постапка против нашиот интернационалец, за да следува и казна.
Истата е во вредност од 1500 конвертибилни марки, и истите мора да ги уплати во рок од 15 дена.










