Ќосевски повеќе не е ракометар на Вардар

80
фото: RK Vardar 1961 (FB)

Ракометниот клуб Вардар денеска информираше дека спогодбено го раскина договорот со десното крило Ален Ќосевски. Играчот е веднаш слободен да си побара нов клуб.

„Ален е дете на Вардар, потекнува од младинскиот погон и од екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес тој помина повеќе сезони во кои прерасна од перспективен млад играч во стандарден член на тимот. Во овој период Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни страници во историјата на Вардар, освојувајќи трофеи на домашната сцена и носејќи го дресот на клубот на ниво што обврзува. Вардар му се заблагодарува на Ален за сите години поминати во клубот, за професионалниот однос и за придонесот што го даде и на терен и во соблекувалната. Клубот му посакува многу здравје, среќа и успех во продолжението на неговата кариера“, се вели во информацијата објавена на социјалните мрежи.

ПретходноЧурлинов задоволен од последните настапи за Коџаели: Конечно ја пронајдов вистинската форма!
СледноВинисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм