Денеска во Скопје, на седумдесетгодишна возраст почина легендата на македонскиот фудбал, а воедно и на ФК Вардар, Васил Рингов.
Една од најмаркантните личности на нашиот фудбал, човекот кој што повеќе од деценија го носеше дресот на нашиот најтрофеен клуб ќе остане во сеќавање на најголемиот број љубители на најубавата споредна работа на светот, како мајстор кому сите му се воодушевуваа.
Ронгов покрај дресот на Вардар беше дел и од екипите на Партизан, Тетекс, Динамо Загреб, Ајнтрахт Брауншвајг….
Роден е на 17 април 1955 година во Струмица.










