Омерагиќ за Милевски, Ангеловски, за ВАР како и на многу други фудбалски теми! (ВИДЕО)

106

Вчера во просториите на ФФМ, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одговораше на новинарски прашања. Како и секогаш и сега првиот човек на федерацијата не ги одбегна и најгорливите фудбалски теми. Имаше свој отворен став на сите прашања.

Медија – тимот на ФФМ од сите прашања направи новогодишно интервју кое секако дека треба да се погледне.

За Благоја Милевски беше кажано дека имало преговори за продолжување на соработката, потоа се случил Кардиф и дека работите се промениле. Секако дека изборот на Гоце Седлоски, како што кажа самиот Омерагиќ, ќе треба да донесе нова свежина во А-репрезентацијата.

Секако дека неизбежна тема беше и Игор Ангеловски – Мрме, кој на своите социјални мрежи имаше свој коментар за изборот на Седлоски, ако се знае дека и тој беше кандидат. Омерагиќ на ова во негов стил истакна дека последните тренерски ангажмани на Мрме траеле колку рокот на еден јогурт во супермаркетите.

Најави дека во февруари ФФМ ќе ја врати манифестацијата – Прогласување на најдобрите, а посочи и некои новитети во врска со ВАР – технологијата.

За ова, но за многу други теми во ова новогодишно интервју со Масар Омерагиќ можете да видите и слушнете тука:

ПретходноСкандалозно: Во Србија ни ВАР не помага! Најважно е кој ги повлекува линиите!
СледноЧаби Алонсо сака засилувања од Ливерпул, ама Дон Флорентино го “пикирал“ капитенот на Јунајтед!