Седлоски: Мене ми честитаат легенди од светска класа, а не самопрогласени „величини“

330
Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски преку социјалните мрежи ги пренесе честитките од Хрватска, неговиот втор фудалски дом, од каде што Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и Златко Далиќ му ја честитаа новата функција.
“За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски фудбалски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат ниту да кажат ниту „со среќа Македонијо“. Мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета.“ – напиша нашиот нов селектор.
Претходно“Никој, па ни Ангеловски, не полагал или одработил испит во Нион за УЕФА Про лиценца“!
СледноМуарем Муарем ќе го спасува Работнички од најлошо