Марко Шварц со уште еден супер-џи триумф

35

На денешната машка супер велеслаломска трка во рамките од Светскиот куп која што се одржа во италијанскиот Ливињо, триумфираше искусниот австриец Марко Шварц.

Тој обезбеди прва позиција со време од 1:10:33, што беше за 20 стотинки побрзо од второпласираниот Алексис Моне. На третата позиција се пласираше Фрањо Вон Алмен со заостанување од 25 стотинки.

Во генералниот пласман и натаму води Марко ОДермат со 805 поени, пред тимон Хауген со 360 и Лукас Братен со 358.

 

ПретходноЈулиа Шаиб најдобра на денешниот велеслалом
СледноАбрамович во нов обид да го заштити својот капитал од продажбата на Челзи