Време е за ски – скокови: Денеска со квалификациите во Оберздорф стартува новогодишната турнеја “Четири скокалници“!

32
ФОТО: FIS Ski Jumping/FB

Некои работи, посебно во спортот едноставно се традиција и во нив ништо не смее да се чепка или менува. Па така и скијачките скокови за новогодишниоте празници или турнејата “Четири скокалници“ што е во рамките на светскиот куп во ски – скокови.

Со децении наназад се знае, на 1 јануари спортските фанатици следат ТВ пренос од Гармиш – Партенкирхен и точка. Претходно турнејата започнува во Оберздорф како и оваа година и тоа денеска, тоа не смее да се менува.

Следуваат на 4 јануари Инсбрук и за крај Бишофсховен два дена подоцна.

Значи од денеска, со квалификациите, па се со до 6 јануари главна тема на спортските муаебети поторно ќе бидат ски – скоковите и новогодишната турнеја “Четири скокалници“ на задоволство на сите вистински љубители на спортот.

И повторно овие спортски центри во Германија и Австрија ќе бидат “главни“, така и треба, тоа е традицијата која мора да се почитува.

ПретходноЕдноставно Емери е генијалец: Дали е ова најдобрата измена во историјата на ПЛ?!
СледноПрв тест пред ЕП 2026: Македонија последен пат ја победила Хрватска пред 21 година!