Ентони Џошуа доживеа тешка сообраќајна несреќа

106

Некогашниот светски боксерски првак, Ентони Џошуа доживеа тешка сообраќајна несреќа во Нигерија во која што животот го загубија две лица.

Од засега неразјаснети околности возилото во кое што се наоѓал Џошуа се удрил во веќе паркирано возило.

Џошуа минал со лесни повреди, но две личности кои што биле со него во возилото го загубиле животот.

На социјалните мрежи се појави слики и видеа од настанот, на кој што се гледа како боксерот се наоѓа во шок и му помагаат да дојде при себе.

ПретходноЛамин Јамал: Притисокот врз мене сега е поголем
СледноСедлоски и официјално ги доби помошниците во А репрезентацијата