Од Фудбалската Федерадија на Македонија предмалку објавија дека и официјално го потврдуваат стручниот штаб кој што во иднина ќе соработува со новиот селектор на А репрезентацијата Гоце Седлоски.
Јавноста шпекулираше, а од ФФМ потврдија дека заедно со Седлоски пристигнуваат и Борче Христов, Ерхан Селими, Зоран Бошковски – Чоко, Ванче Шиков и Гого Јовчев, додека за видео-аналитичар е ангажиран Мартин Христов.










