Иако заврши на делба на второто место во Оберсодорф, Тими Зајц е дисквалификуван. Причината е бизарна, негвиот дрес бил предолг и тоа за само три милиметри.
Познато е дека на стартот од Новогодинешната турнеја “Четири скокалници“, Словенецот Домен Превц издоминира и победи, но вториот Словенец кој заврши на делба на второто место беше разочаран по дисквалификацијата како и сите во таборот на словенечката експедициција.
Поради оваа одлука, Зајц не се појави на церемонијата за прогласување на пбедниците и не можеше да го прослави својот успех со словенечката химна. Словенија остана без двоен подиум, а самиот Зајц претрпе најголема штета. Освен што го изгуби своето место, овој резултат го спушти од второто место во генералниот пласман на турнејата на позиција од која повеќе нема никакви шанси за висок конечен пласман.
Даниел Шофениг остана втор сам со овој исход, бидејќи тој и Зајц го поделија второто место, додека Германецот Феликс Хофман скокна од четвртото на третото. Јан Херл беше следствено четврти, а Филип Рајмунд ја заокружи Топ 5.
Целиот инцидент е потсетник на исклучително строгите правила во скијачките скокови, кои се дополнително заострени оваа сезона, особено кога станува збор за опрема и дресови. Очигледно е дека дури и најмалите отстапувања, дури и оние мерени во милиметри, не се толерираат.










