Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз во спринтер квалификациите пред трката за Големата награда на Италија на патеката Монца во шампионатот во Формула 1. Тој ќе стартува прв пред Луис Хамилтон на денешната спринт трка која е закажана со почеток во 16:30 часот, но во недела за главната трка ќе мора да ја започне од последното место.
Четвртта промена на турбината во текот на сезоната е причината поради која главната трка ќе мора да ја започне од последното место.
За време на квалификации се случи интересен момент, на патеката се појави зајак, кој успеа да ги избегне налетот на болидите.
Овој момент можете да го видите на следниот линк.