Сасуоло немоќен, Јувентус лесно стигна до нова победа во Серија А

201
фото: Lega Serie A (X)

Фудбалерите на Јувентус убедливо го совладаа Сасуоло со 0:3 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. И покрај големиот број на повредени и отсутни играчи, момците на Лучано Спалети одлично си ја завршија својата работа и остварија нова победа.

Јуве поведе во 16-тата минута со автоголот на Мухаремовиќ и со тој резултат екипите заминаа на пауза. Во вториот дел Мирети и Дејвид постигнаа два гола за две минути и ставија точка на натпреварот.

Со оваа победа Јувентус се наоѓа на 4-то место со 36 бода, но и со два натпревари повеќе од третопласираниот Наполи. Сасуоло пак, се наоѓа на 11-тото место со 23 бода.

ПретходноОд Баерн Минхен со порака: “Мораме да го намалиме буџетот за плати“!
СледноТен Хаг се врати дома, стана технички директор на Твенте