Брегалница се раздели со Дарко Алексовски – Пеле!

238

Искусниот напаѓач Дарко Алексовски – Пеле не е веќе дел од Брегалница, второлигашот од Штип. “Сините“ одлучија да не сметаат на неговите услуги во пролетниот дел од ВМФЛ, во кој ќе бијат битка за враќање во елитата.

Популарниот Пеле не крие дека е изненаден од оваа одлука и дека секако има намера кариерата да ја продолжи во некоја друга средина.

Инаку тој самиот по вторпат во неговата кариера, како што напоменува, доживува да биде ослободен од обврските кон клубот од страна на штипска Брегалница.

ПретходноШкендија Арачиново промовираше уште едно засилување! (ФОТО)
СледноАФКОН: Мароко го “скрши“ Камерун и се пласираше во полуфиналето!