Хернинг – последна станица за македонските ракометари

332

Македонската ракометна репрезентација зааврши нова етапа од подготовките за настап на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци запишаа две победи (Бахреин и Украина) и едно реми против Швајцарија на „Жолтиот Куп“, кој Македонија го заварши на второто место, а Филип Кузмановски со 17 погодоци беше прогласен за МВП.

Она што е најважно е дека ракометарите покажаа карактер особено во моментите кога имаа негатива, се вратија и против Украина, и против Швајцарија. Има и делови од играта кои дефинитивно треба да се поправат пред главните битки.

Лазаров и неговите момци од денеска ќе бидат во Хернинг, градот домаќин на нашата група, па следните пет дена ќе ги искористат за финална подготовка пред тешките битки.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Данска на 16. јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека групната фаза ја затвара против Романија.

ПретходноКраус од Австрија прва ривалка на Ѓорческа на Австралија опен
СледноШрудер е суспендиран бидејќи се обиде да го удри Дончиќ