Македонија У17 со две пријателски во Турција, пристигнува и засилување од Австралија

407

Македонската фудбалска репрезентација до 17. години од 18. до 23. јануари ќе замине на мини подготовки во Анталија каде што на 20. односно 22. ќе одигра две пријателски средби со домаќинот.

Оваа генерација веќе одработува тренинг камп во Струмица во моментов, само за домашни играчи, додека пак за во Турција се планираат и оние кои настапуваат во странство.
Ќе имаме и новитет кој досега не бил дел од нашите селекции и за прв пат ќе настапи за Македонија.

Селекторот Влатко Колев ќе го повика играчот на австралиски Макатур, Самуел Вртковски кој што според сите информации ќе се појави и ќе одговори на повикот.

Оваа генерација обезбеди елитни квалификации на турнирот кој што го игравме на домашен терен во Струмица.

ПретходноАнтонио Конте пикираше двајца играчи
СледноЗаврши сезоната за Конор Бредли (ВИДЕО)