Одбројуваме: Последни подготовки пред вистинските битки на Европското првенство (ФОТО)

157

Македонската ракометна репрезентација одбројува до стартот на Европското првенство. Нашите момци веќе се во базата во Силкеборг, а денеска го одработија првиот тренинг од последната етапа пред вистинските битки.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци на првиот меч од шампионатот силите ќе ги одмерат против домаќинот Данска (16. јануари), натпреварите од нашата група се играат во Хернинг. Два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека групната фаза ја завршуваме на 20. јануари против Романија.

Овие денови ќе бидат посветени на финална подготовка, Лазаров има јасна слика што треба да се корегира. На ЕП, Македонија влегува во одлична атмосфера, зад себе го има доброто издание на „Жолтиот Куп“ каде запиша две победи и реми.

ПретходноРафиња: Ханси Флик е човекот, бев со „една нога надвор“!
СледноМитев: Нашиот фокус е кон Данска, нашата цел е да извојуваме добар резултат