Роналдо стана третиот највозрасен фудбалер кој постигнал гол за Манчестер Ј.

278

Со двата гола на кам-бекот во дресот на манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо стана трет највозрасен фудбалер кој успеал да постигне гол во дресот на „црвените ѓаволи“.

Португалецот постигна гол на возраст од 36 години и 218 дена, со што стана трет највозразен стрелец во историјата на клубот. Само Рајан Гигс (39 години и 86 дена) и Пол Сколс (37 години и 304 дена) постигнале гол за Манчестер Јунајтед во моментите кога полека ја привршувале кариерата.

ПретходноЧелзи ја забележа 600. победа во Премиер лигата (видео)
СледноРоналдо: Се потсетив зошто стадионот го нарекуваат „Театар на соништата“!