Екстра засилување: Кожув го потпиша Давид Ивановски!

322

И официјално Давид Ивановски е големото засилување во таборот на Кожуф. Гевгеличани добија одличен млад напаѓач, младински репрезентативец на Македонија до 19.години, кој за првпат ќе игра во Македонија. Досега Ивановски беше дел од Сент Гален и Винтерту, а напролет ќе го носи дресот на Кожув и е во потрага по поголема сениорска минутажа. Јасно е дека ова на второлигашот од Гевгелија и тоа како му одговара. Со него Кожув добива на квалитет и тоа како, посебно ако се знае дека негова специјалност е играњето со лева нога.

ПретходноОва го има само во Србија: ФК Партизан повторно ќе го моли Вучиќ за помош!
СледноДанската машина за голови за Македонија: Знаат да го направат мечот – тежок!