Денвер победува и без Јокиќ, Далас остана без Купер Флег?

150
Фото: Денвер Нагетс Х

И без повредениот Никола Јокиќ, екипата на Денвер успеа да оствари победа на гостувањето кај Далас со 118-109. Нагетс ја имаа веќе осмата средба безсрпскиот центар и успеаја да ја остварат и петтата победа.

Денвер синоќа на гостувањето во Тексас беше убедлив, а разликата од 9 поени на крајот можеше да биде и многу поубедлива. Голем проблем за Далас е повредата на новајлијата Купер Флег кој се повреди по еден судир со Пејтон Вотсон.

Џамал Мареј ​​ги предводеше Нагетси со 33 поени, 2 скока и 5 асистенции, додека Арон Гордон имаше 22 поени, 6 скока и 3 асистенции, а играчот на неделата Пејтон Вотсон заврши со 18 поени. Наџи Маршал, 24, имаше најмногу поени за Далас, а исто така имаше и 5 скока и 3 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Торонто 101:115
Филаделфија – Кливленд 107:133
Чикаго – Јута 128:126
Њу Орлеанс – Бруклин 116:113
Далас – Денвер 109:118
Сакраменто – Њујорк 112:101
ЛА Клиперс – Вашингтон 119:105

ПретходноМароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал
СледноАрбелоа по елиминацијата во Купот: Јас сум виновен за поразот, но веќе размислувам на Ла Лига и ЛШ