Струга ТЛ попладнево во Корча, успеа да слави убедлива победа од 0:3 на гости кај тимот на Маличи. Стрелци на головите за стружани беа Малески, Рочи и Радески. Со оглед на шансите, тимот на Бледи Шкемби можел да извојува и поубедлива победа, но за прв меч на овие зимски контроли секако дека е доволно.
Инаку познато е дека Струга ТЛ главниот дел од зимските подготовки ќе го одработи во Анталија (Турција), каде ќе одигра и неколку пријателски средби.
Стружани, се разбира заедно со Вардар и Шкендија, напролет ќе биде еден од главните аспиранти во битката за титулата во ПМФЛ.















