Данците се вистински фанатици за ракомет: Фан-зоната е како свемирски брод (ФОТО)

317

Зошто во Данска ракометот е број еден и зошто живее за овој спорт, а од денеска дише во ритамот на Европското првенство, одговорот го добивме денеска откако влеговме во ракометниот храм, Арената „Јуске Банк Боксен“.

Тука Македонија ќе ги игра натпреварите од групната фаза, салата има капцитет од 15.000 места. Но, оваа бројка не е единственото со што плени, туку внатрешниот дел.

Данците подготвија невидена фан-зона во склоп на самата Арена. Има забава за секого. Секој агол е посветен на домашната селекција, од дресови до мал дел – музеј. Истиот е посветен на сите можни достигнувања, не само машкиот национален тим, туку и на женскиот.

Има дел на кој се собрани сите дресови од национални тимови до клубови. Едноставно на момент можеш да се изгубиш во богатата ркометна историја на оваа земја.

 

ПретходноКФСМ со објава околу купот „Благоја Георгиевски – Буштур“
СледноРоманците се соочиле со голем проблем само што стапнале во Данска