Кулибали ја објасни својата прослава на победничкиот гол против Јувентус

611

Дефанзивецот Калиду Кулибали постигна гол за победа на Наполи над Јувентус со 2:1 во дербито во Серија А. Стоперот се најде на точно место да ја турне топката во мрежата на Војчех Шчесни и со тоа донесе три бода за својот тим, додека Јувентус се уште нема триумф во италијанското првенство.

Кулибали „позајми“ фотоапарат од фотограф и ја впери кон навивачите, а потоа објасни што му се вртело низ глава во тој момент.

Погледнав кон трибините и видов навивачи кои беа воодушевени од голот. Сакав да го одбележам тој момент на фотографија. Беше многу убаво. Победата е за навивачите, затоа што ги немаше речиси една година и среќен сум што повторно ги гледам на трибините“, објасни Кулибали.

„Се уште е рано да зборуваме за успешна сезона. Победивме, но работата не е завршена. Се фокусираме на нашиот прогрес од меч на меч, тоа ни е најважно во моментов“, објасни Сенегалецот.

 

ПретходноНант отвори со пораз, Лазаров со шест гола
СледноВлаховиќ со два гола oд пенал ја потона Аталанта во Бергамо (видео)