По 14 години играње во Европа Давид Луиз се врати во Бразил!

337

Искусниот бразилски дефанзивец Давид Луиз по 14 години играње во Европа за Бенфика, Челзи, ПСЖ и Арсенал се врати во татковината и потпиша за Фламенго. Клубот од Рио де Женеиро објави дека искусниот фудбалер потпишал договор на две години.

Давид Луиз е дете на Сао Пауло, а профи-кариерата ја почнал во клубот Виторија од Салвадор, главниот град на сојузната држава Бахија. Неговиот нов клуб Фламенго е еден од најпопуларните во Бразил но и најтрофејни. Има 37 трофеи од шампионатот Кариока меѓу нив и од последните три сезони. Седум пати бил бразилски шампион, два пати јужноамерикански шампион, еднаш го освои Суперкупот на Јужна Америка, еднаш Интерконтиненталниот куп…

ПретходноВлаховиќ со два гола oд пенал ја потона Аталанта во Бергамо (видео)
СледноСолсбери освои два трофеја на УС Опен во парови