Дени Илиев потпиша за Рапид Букурешт: “Среќен сум што дојдов во овој клуб“! (ФОТО)

195
ФОТО: FC Rapid/FB

Македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев од денеска е и официјално нов член на Рапид Букурешт, еден од најголемите клубови во Романија. Откако си замина од УТА Арад, Македонецот потпиша договор со Рапид Букурешт кој е со важност на 1,5 години со можност за продолжување на соработката.

По потписот клубот од Букурешт го промовира Македонецот како големо засилување, а Илиев покрај другото изјави:

Среќен сум што пристигнав во Рапид и сум подготвен да дадам сè за овој тим. Едвај чекам да ја почувствувам фантастичната атмосфера што ја создаваат Рапидистите! Напред Рапид!“

ПретходноМакедонија на мегдан со олимпискиот и светски првак, Кузмановски ветува борба до последна секунда
СледноВажно известување за „Фалангата“ во Хернинг!