Гласнер и лут и бесен: Главните луѓе во клубот ме „продадоа“

435

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер вели дека се чувствува „напуштен“ од страна на високите раководни структури во клубот поради неодамнешната продажба на клучните играчи на клубот. Менаџерот на „Орлите“ даде бомбастично интервју по поразот на Кристал Палас од 2-1 од Сандерленд во саботата.

Австриецот не се воздржа во своето интервју, кое дојде по бурните 24 часа во клубот, кога Гласнер потврди дека капитенот Марк Гуеи е во последната фаза од трансфер во Манчестер Сити.

Австриецот, исто така, откри дека ќе го напушти Палас на крајот од тековната сезона за нов предизвик.

И за да биде уште полошо, најдобриот стрелец Жан-Филип Матета инсистира на заминување во јануари, а Јувентус започнувал преговори со неговите претставници.

ПретходноЛејкерси тешко без Лука Дончиќ (ВИДЕО)
СледноДенот „Д“: Може ли Македонија да биде второто големо изненадување на Европското првенство?