
Македонската ракометна репрезентација денеска го игра најважниот натпревар на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Португалија, дуелот стартува во 18 часот. Победа ќе значи продолжување на сонот – главна рунда, пораз ќе значи дека после групната фаза, Македонија ќе се спакува.
Ракометарите се свесни дека пред себе имаат уште еден тежок противник, но веруваат дека можат да дојдат до изненадување.
„Може да се каже дека тие се фаворити особено поради нивните последни резултати на СП 2025. Покажуваат некоја доминација, но мислам дека се на одредено ниво пониско од Данска. Секако дека на овој меч многу повеќе ќе зависи од нас, со Данците во некои ситуации имавме преголем респект, овојпат тоа нема да биде случај. Верувам дека со поголема самодоверба ќе имаме поефикасен напад. Португалците исто како и Данците се селекција што сака многу да трча, да има што поголем број на напади, верувам дека ние можеме да им парираме“, истакнува Мартин Велковски.










