Информација за „Фалангата“ пред дуелот меѓу Македонија и Португалија

1558

И на втората средба во Хернинг против Португалија во рамките на 2. коло во Европското првенство, македонската ракометна репрезентација ќе има поддршка од фановите, кои не беа повеќе од 150 во Арената „Јиске Банк Боксен“.

Мечот меѓу Македонија и Португалија стартува во 18 часот, збирно место за сите македонски навивачи е фан-зоната во данскиот ракометен храм – почеток 16 часот.

Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци го играат најважниот натпревр на Европското првенство, од крајниот епилог ќе биде познато дали Македонија ќе го продолжи престојот во Хернинг или после завршување на групната фаза ќе се пакува за дома.

Претходно„Беше привилегија да се игра со Митревски, тој е најпортугалскиот Македонец – добро не познава“
СледноДенеска на ЕП 2026: Португалија е нашата шанса, Романија против „страшната“ Данска