Големо засилување за Осогово: Велинов се врати дома! (ФОТО)

157
ФОТО: GFK Osogovo/FB

Од денеска Стојанчо Велинов (36) и официјално е големото засилување во нападот на Осогово. Ова значи дека искусниот напаѓач се врати дома, во своето Кочани, во своето Осогово.

Се враќам дома. Таму каде што сè започна, таму каде што срцето отсекогаш ми припаѓало.Со неизмерна гордост повторно го облекувам дресот на мојот матичен клуб ФК Осогово Кочани.

Ова не е обично враќање – ова е последната страница од мојата фудбалска приказна.Кариерата ја завршувам таму каде што првпат сонував, се борев и верував“ истакна тој.

Инаку Велинов играше за неколку клубови во Македонија, а голем дел од кариерата ја мина во Бугарија.

Кога сме кај Осогово, второлигашот од Кочани, кој есенскиот дел го заврши како осми со 24 бода, ги стартуваше подготовките и покрај Велинов се засили и со Јусуф Алпај и Филип Димоски.

ПретходноАО: Алкараз тргна со рутинска победа, сигурен и Зверев
СледноАртета: Да победевме, ќе бевме во поинаква позиција!