Со оглед на тоа дека селекторот Кирил Лазаров остана без играчи на левата крилна позиција после повредите на Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, во составот на Македонија ќе дојде ново засилување. Денеска во Хернинг треба да дојде Гоце Ојлески.
Џонов оди на прегледи, по повредата на вчерашниот меч со Португалија кога о првиот дел остана да лежи на теренот.
Петар Атанасијевиќ нема шанси да игра против Романија, тој поради повреда не беше во составот и на вчерашниот меч.










