Дали Сенегал ќе остане без титулата? Инфантино: „Неприфатливо е играчите да го напуштат теренот!“

456
фото: Football Tweet (X)

По се она што се случуваше вчера на финалето на АФКОН, по сите оние скандали и инциденти, јасно е дека сите оние кои нешто значат во светот на фудбалот си имаат што да кажат. Некои сметаат дека Сенегал треба да остане без титулата, односно мечот да биде прогласен со 3:0 за Мароко ако се знае дека Сенегалците го напуштија теренот, па после се вратија на барање на Садио Мане.

Од друга страна и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино имаше свој коментар:
„Сведоци сме на неприфатливи сцени на теренот и на трибините. Остро го осудуваме однесувањето на дел од навивачите бидејќи насилството не може да се толерира. Исто така, го осудуваме однесувањето на играчите и членовите на сенегалскиот тренерски штаб. Неприфатливо е играчите да го напуштаат теренот. Одлуките на судијата на и надвор од теренот мора да се почитуваат. Тимовите мора да ги почитуваат правилата на фудбалската игра, во спротивно самата суштина на фудбалот е доведена во прашање“, нагласи Инфантино.

ПретходноСтефанов до ракометарите: Покажавте дека можете да играте против Топ 5 светски селекции
СледноСилекс поразен на стартот во Анталија