
Македонската ракометна репрезентација после победата над Романија од 24-23 во последниот меч од групната фаза на Европското првенство си отвори важна порта кога станува збор за настапот на големите натпреварувања.
Според моменталниот распоред и пред завршување на дуелот меѓу Данска и Португалија, јасно е дека Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат носители пред ждрепката за Светското првенство 2027 година.
Ова значи дека ќе ги одбегнат најсилните репрезентации на патот кон нов Мундијал, но има шанса да добијат и покомплицирани имиња, но тоа нема да биде од калибарот на Франција, Норвешка, Данска…
Во овој момент до комплетирање на нашата група, Македонија најмалку ќе заврши од 14 до 15 место, што е подобар скор од претходниот шампионат.










