Кузмановски: Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе!

203

Македонија против Романија успеа да дојде до победа, и тоа со 24:23. со голот на Костески во последната секунд од мечот. Секако дека треба да бидеме задоволни, овие момци покажаа како треба да се бори за својата Македонија.

По мечот првите импресии капитенот Филип Кузмановски кој успеа да постигне девет голови:

Мора да бидеме задоволни со победа на ЕП. Можеби очекуваме подобар резултат, ако се знае дека сме поквалитетни за овој резултат на крај. Со голем притисок влеговме во второто полувреме со цел да победиме со што поголема разлика ако сакаме да одиме во следната фаза. Сепак, на крај не успеавме во тоа. Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам дека со малку повеќе среќа заслужуваме да бидеме во главната рунда“посочи капитенот и дополни:

Горд сум на момците, одигравме уште еден меч на ова ЕП, покажавме дека можеме, дека веруваме во себе и во иднина можеме уште повеќе. Сега ќе уживаме во мечот меѓу Данска и Португалија. И покрај се, јас ум среќен, среќни треба да бидеме со победата. Им благодарам на сите, на цела Македонија, на семејствата“

ПретходноКостески: Треба да сме горди и среќни со одиграното и прикажаното
СледноЛазаров: Малку ми е жал ама треба да бидеме горди! Честитки до момците!