Денеска со двата меча од групата Е, завршува првата фаза од ЕП 2026. Нема веќе непознаници, се знаат сите12 селекции кои ќе играат во главната рунда, останува само да се види која селекција, од Хрватска и Шведска, ќе пренесе два бода во следната фаза во групата 2 и која од овие две селекции ќе заврши како прва во групата Е во првата фаза на европското првенство.
Па така секако дека ќе супер интересно во “Малме Арената“ во Малме, каде се среќаваат двете селекции кои и тоа како значат нешто во светот на ракометот. Овој меч е закажан за 20.30 часот.
Инаку од 18 часот, исто во Малме, исто во меч од групата Е, силите ќе ги одмерат селекциите на Холандија и Грузија, ова ќе биде дуел за освојување на третото место во групата.










