РК Вардар го официјализираше трансферот на Хрватот Љевар! (ФОТО)

233
ФОТО:facebook.com/rkvardar

Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона.

Љевар (24), роден во Ријека, Хрватска, е висок 198 см. и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим.

Покрај клубските успеси, Љевар е и член на хрватската репрезентација, каде што неодамна имаше силни настапи и ги привлече вниманието на ракометната јавност низ Европа. Поради мала повреда мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка иако беше на списокот на хрватскиот селектор.

Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е драго што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели, изјави Љевар.

Претходно“Марка“: Чаби Алонсо планира да направи пауза доколку во меѓувреме не дојде понуда од Ливерпул
СледноАргентинец на проба во Вардар во Анталија!