ПМФЛ: Работнички бил “лекот“ за штипјани, нов блесок на Мирчевски, Ренова го “гипсира“ Тиквеш! (ВИДЕО)

688

Завршија сите пет мечеви од 6.коло во ПМФЛ. Познато е дека дербито се игра во вторник, во кое се среќаваат Шкендија и Шкупи.

Работнички на Арената и го нанесе првиот пораз на Брегалница и тоа со триумф од 2:0. Во првиот дел Лука Станковски стрелаше за 1:0, по малку и среќно и комично, за да во 83,.минута од пенал, Александар Ристевски ги постави конечните 2:0 за домашниот состав.

Нов блесок на Мартин Мирчевски, нов блесок на Академија Пандев. Струмичани со 4:1 ги победија “лавовите“, иако гостите водеа со 1:0 уште од првата минута. Сепак струмичани со двата гола на одличниот Мирчевски, а по еден на на Бихиорац и Нунес Сантос славеа и освоија три големи бода.

Борец во Велес во интересен меч успеа со 2:1 да слави над Пелистер. Зарате и Лука Трајкоски, посебно убав беше овој вториот, стрелци за велешани. Битолчани успеаја само да израмнат на 1:1 преку Принц.

Ренова среде Кавадарци со 2:0 го победи Тиквеш. Уште еден шок за тимот на Пане Блажевски. Рамадани во првиот дел и Селмани во последните секунди од средбата беа стрелци за “гипсарите“ кои заслужено победија.

На 1:0 за Ренова кавадарчани постигнаа гол преку Христов, но беше поништен поради офсајд и со право, барем така покажува ТВ снимката.

Струга ТЛ буквално во последните секунди постигна гол преку Галевски и успеа да победи со 1:0. Претходно Кочоски од пенал не успеа да го совлада голманот на гостите Ефремов.

РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ – 6.КОЛО

А.ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1

(Бихорац 21., Мирчевски 45., 61., Нунес Сантос 90./Воша 1.)

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 2:1

(Зарате 5., Трајкоски 56./Принц Ампонсах 43.)

СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 1:0

(Галевски 96.)

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2:0

(Л. Станковски 28., А. Ристевски (п). 83/)

ТИКВЕШ – РЕНОВА 0:2

(/Рамадани 24., Селмани 90./)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (ВТОРНИК)

ВИДЕА:

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ТИКВЕШ – РЕНОВА

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

СТРУГА Т.Л. – СКОПЈЕ

 

ПретходноАбдурахими стигна до втората лига на Кипар
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар во дербито ја победи Воска Спорт, Силекс не запира…