Талески: Максимален фокус на тренинзите за позитивен ефект напролет (ВИДЕО)

151

Уште еден ден минат во Сиде, Турција како дел од подготовките на Вардар зимава, и уште еден добро одработен ден што се однесува до планот и динамиката на тренинзите.

Сите се фокусирани и сконцентрирани на она што е најважно во моментов, а тоа е достигнување на потребната форма за добар продолжеток на тековната сезона.

Првиот голман на Вардар Давор Талески како и целиот тим имаше одлична полусезона. Примени се само петнаесет гола на шеснаесет мечеви во просек помалку од еден по натпревар. Токму затоа и Вардар е таму каде што е, на врвот на табелата.
„Да, добро е да се биде есенски шампион, да се дочека паузата како најдобар тим. Но, тоа е само обврска повеќе зимава да се подготвиме максимално, затоа што се знае што следува напролет. На секој меч, како и досега противник кој што ќе даде се за да го победи Вардар. Нема лесно за Вардар. Тоа е „проклетството“ кога си дел од овој клуб. И така и треба да биде“ – вели чуварот на мрежата на Вардар и додава.

„Одлично работиме тука во Сиде. Напорно, тоа значи дека тренинзите имаат ефект. Ништо нема да не спречи да ја постигнеме целта, а тоа е 100% влез во новата пролетна полусезона и  борба на секој меч за постигнување на целта“ – вели Талески.

ПретходноМањан во Милан до 2031
СледноАлкараз и Зверев со пласман во 1/4 финалето на АО