Христов: Задоволен сум од одиграниот дуел против Славија Софија

238

Екипата на  ГФК Тиквеш вчера го имаше првиот тест меч на подготовките во Анталија. Ремито со Славија Софија одиграно во солидни услови, онакви какви што дозволува во моментов времето во Турција, и од него стручниот штаб на кавадарчани е задоволен.

„Мора да кажам дека сум задоволен од одиграната прва контрола тука во Анталија. Го одигравме она што го замислуваме, што го планираме, што го посакуваме. Шанса добија сите играчи, настапија две екипи и реално сум задоволен од она што го видов. Одиме напред чекор по чекор, тренинг по тренинг. Имаме уште два дуела тука во Анталија па по нив ќе имаме и поконкретна слика за се„ – вели за Спортспорт, стратегот на ГФК Тиквеш, Борче Христов.

Тиквеш на 27 јануари игра против тимот на Токтогул, а на 30 против тимот на Кизилкум од Узбекистан

ПретходноСилекс и Пелистер во трка за Мишов
СледноПелистер денеска против Борац Бања Лука