Пријателска: Башкими го “торпедира“ Рудар Плевља во Медулин!

144
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947

Прва победа во првиот меч за Башкими во Медулин или втора победа во вториот севкупен меч оваа зима. Денеска кумановци го “торпедираа“ тимот на Рудар Плевља, второлигаш од Црна Гора со 3:0. Сите голови паднаа од 48. до 63.минута, а стрелци беа Петерчу, Рибеиро..

Башкими во текот на своите подготовки во Медулин (Хрватска) ќе одигра пријателски и со Радник Бијелина (27.01), Прва Искра (28.01) и НК Хрваце (31.01).

Колку за потсетување, на првиот контролен меч оваа зима, кој се одигра во Куманово пред неколку дена, Башкими успеа да го победи Тиквеш со 2:0.

ПретходноВидео кое буди емоции – се појави Грег Попович
СледноИсланѓаните: Оваа Хрватска не е ништо посебно, почнувам да го „мразам“ Сигурдсон