Нова феноменална партија на Дончиќ, Лејкерс победнички против Булс (ВИДЕО)

92
Фото: ЛА Лејкерс Х

Лука Дончиќ одигра феноменален натпревар и со 46 поени, 12 асистенции и седум скокови ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 129:118 на гостувањето кај Чикаго Булс. Со овој триумф Лејкерс ја прекинаа победничката серија на домашниот тим.

Одлична поддршка на Дончиќ му даде Леброн Џејмс со 24 поени, од кои 20 ги постигна во првото полувреме. За Лејкерс ова е трета победа во четири одиграни натпревари на турнејата од осум гостувања.

Во редовите на Чикаго, кој до синоќа имаше четири последователни победи, најефикасен беше Коби Вајт со 23 поени.

Тимот од Лос Анџелес имаше одлична шутерска вечер, погодувајќи 56 проценти од шутевите од игра (46 од 82), вклучувајќи 16 тројки од 33 обиди. Победата воедно претставува и реванш за минатата сезона, кога Булс славеа на двата меѓусебни натпревари, вклучувајќи го и оној во Чикаго, решен со кошот на Џош Гиди од половина терен со звукот на сирената.

Кливленд – Орландо 114:98
Бостон – Портланд 102:94
Чикаго – ЛА Лејкерс 118:129
Хјустон – Мемфис 108:99
Минесота – Голден Стејт 108:93
Атланта – Индијана 132:116
Шарлот – Филаделфија 130:93

ПретходноФранцускиот селектор во очаj: Ова е сра*е! Ни се тресеа рацете!
СледноЗверев прв полуфиналист на Австралијан Опен