Неверојатна сцена од ЕП: Португалец го прислушкуваше тајм-аутот на Норвежаните

938
Фото: https://x.com/kiko13_martins

Кој рече дека не се вклучени сите оружја за да една репрезентација успее да дојде до победа на Европското првенство. На вчерашната средба меѓу Португалија и Норвешка се случи нешто несекојдневно, Португалците го прислушкуваа тајм-аутот на противниците.

Мигел Невеш кој добро го разбира норвешкиот јазик беше фатен како се обидува да дојде до повеќе информации. Овој момент се случи на 57 секунди до крајот при резултат 33-35.

По завршувањето на натпреварот, тој призна дека го разбир норвешкиот јазик и која била неговата цел.

„Играв три години во Норвешка и мојата девојка е Норвежанка, па го зборувам и го разбирам јазикот. Се обидов да стекнам мала предност и да дознаам што планираат. Така можев подобро да ја подготвам нашата одбрана“, изјави Невеш.

Нема да биде чудо ако Европската ракометна федерација (ЕХФ) да отвори постапка.

 

ПретходноАрина Сабаленка го прозва Јаник Синер?
СледноИнфантино му одговори на Блатер кој порача: Избегнувајте го САД за време на Светското првенство