Словенската ракометна репрезентација по емотивниот пораз од Хрватска (25:29) во вториот круг на Европското првенство сè уште има шанси за пласман во полуфиналето, иако не многу големи. Словенците го играат својот натпревар против Исланд денеска од 15:30 часот, па прво треба да се концентрираат на победа, а потоа да го чекаат исходот од преостанатите два меча во групата.
Иако надежта за Словенците сè уште тлее, селекторот Урош Зорман пред клучниот дуел со Исланд најмногу го загрижува распоредот на натпреварите.
„Можеби требаше да имаме еден или два дена повеќе за одмор. Ќе играме уште еден натпревар за помалку од 24 часа и тоа во борба за полуфинале. Ова го нема во ниту еден друг спорт“, изјави Урош Зорман по поразот од светските вицешампиони.
„Ова е навистина голем минус на нашиот спорт. Ако погледнете малку однапред, во вторник и среда играте за полуфинале, во четврток патувате, а веќе во петок е полуфиналето. Тука нешто не е во ред. Мислам дека секоја репрезентација на ЕП би имала корист од уште еден ден одмор“, додаде критички словенечкиот селектор.










