Синер избори полуфинале во Мелбурн и закажа пресметка со Ѓоковиќ

64

Јаник Синер се избори за полуфинале на Австралија Опен против 14 години постариот Новак Ѓоковиќ, откако во четвртфиналето го победи Бен Шелтон (23) со 6:3, 6:4, 6:4. Синер, вториот тенисер на светот, така ќе ја продолжи одбраната на титулата во Мелбурн. Првиот Грен слем годинава го освои минатата и претминатата година.

На Синер му беше доволен еден брејк во секој сет против седмиот тенисер на светот за рутински пласман во полуфиналето. Шелтон имаше шанси за брејк во првиот сет, но не ги искористи. Синер, пак, ги реализираше своите, исто како и во следните два сета. Шелтон грешеше, а Синер не, и така го победи противникот полесно отколку што се очекуваше.

На патот кон третата последователна титула во Мелбурн, Синер го чека Ѓоковиќ, кој е рекордер по број на титули на Австралија Опен (10) и по вкупно Грен слемови (24). Синер и Ѓоковиќ досега имаат одиграно десет меѓусебни натпревари. Италијанецот води со 6:4 и ги доби сите пет последни средби.

ПретходноИ Словенците го дигнаа гласот за „пеколот“ на ЕП: Ова го нема никаде, тука нешто не е во ред
СледноЕХФ прецизно го нацрта патот до полуфиналето во Хернинг