Јован Попзлатанов за уште посилен Работнички напролет

169

Тимот на Работнички непрестано се засилува зимава, откако по крајот на есенската полусезона до Дебар Маало си заминаа голем број на играчи. Истите треба да бидат заменети секако, а менаџментот на тимот напорно периодов работи на оваа тема.

Последен во редот кој што зимава го засилува Работнички е искусниот Јован Попзлатанов.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа од Македонија ЃП, каде што последно играше, а во Работнички ќе ја пополсни празнината на бековската позиција.

ПретходноРоџерс Мато и официјално дел од Хартс (ВИДЕО)
СледноХрватите „вријат“ поради лошата организација на ЕП…. пронајдени црви во храната!!!