Тимот на Вардар сеуште се наоѓа на подготовки во Сиде, Турција, каде што ќе остане точно 21. ден.
Избраниците на Гоце Седлоски повеќе од две недели како се во базата во Турција, и таму и им преостана да го одиграат уште пријателскиот меч против тимот на Алашкерт на 2 февруари.
Следнито ден Варадр се враќа дома, а пред стартот на ПМФЛ пролетната полусезона ќе го одигра и мечот против тимот на Осогово, како „генералка“ пред првенството.
Мечот ќе се одигра на стадионот Никола Мантов во Кочани, на 07.02.2026 година во 14:00 часот.
Вардар во првото пролетно коло се среќава со тимот на Арсими на домашен терен.















