Александар Полимац замина во ИМТ Београд

559

Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Александар Полимац е нов член на тимот на ИМТ Београд.

Досегашниот член на тимот на Партизан заминува во амбициозниот клуб, каде што очигледно смета дека ќе добие вистинска минутажа, шанса, и секако сениорско деби.

ИМТ Београд е тим кој што во принцип дава шанса на млади и перспективни фудбалери желни за докажување, каков што токму е Александар Полимац.

Изразито лево крило кое што има напаѓачки предиспозиции и кои што голот и асистенцијата му се што се вели неизбежен елемент во играта.

Момчето родено во Ирска, има настапи за нашата млада репрезентација, а секако се надеваме дека тој терк ќе продолжи и понатаму.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK IMT (@fk.imt_omladinska_skola)

ПретходноПлеј оф во ЛЕ: Звезда против Лил, Динамо на дуел со Генк
СледноЕХФ ги одреди шеширите: Познато е кого Македонија ќе одбегне на патот кон СП 2027