Лазаров: Мора да бидеме сериозни без разлика со кого играме

964

Машката македонска ракометна репрезентација, денеска го дозна патот по кој што евентуално би се пласирала на следниот Мундијал. Македонија во бараж дуелот за Светското првенство во Германија во 2027 година ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.

Двомечот ќе се игра на 13–14 и 16–17 мај 2026 година. Победникот по двата меча ќе се пласира на Светското првенство, а Македонија ќе биде битка за осмиот Мундијал по ред, десетти во својата историја.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на настапи. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“ – изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров.

ПретходноМомчето кое заедно се радуваше со Мурињо по голот на Трубин, стана мега – популарно! (ВИДЕО)
СледноРаботнички загуби од косовска Лирија, МЃП со домашно реми против Шкендија Арачиново