Македонецот Волкановски ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

253

Александар Волкановски ја одбрани титулата во перо категорија на УФЦ. На големиот настан УФЦ 325 во арената „Кудос бенк“ во Сиднеј, Волкановски доминираше против Бразилецот Диего Лопез и стигна до 28-та победа во кариерата и третата во последните шест борби.

Волкановски, со фантастичен настап пред домашните навивачи, беше убедлив во реваншот против Лопез. Kартите на судиите: 49-46, 49-46 и 50-45.

Со прецизни удари и одлична работа со нозете, Волкановски изгледаше уште подоминантен отколку за време на нивната прва борба во април минатата година, кога исто така победи со едногласна одлука на УФЦ 314 во Мајами.

 

ПретходноБура го уништи стадионот на кој се играа натпревари на Евро 2024 (ФОТО)
СледноНБА тим за првпат после 10 години победи шест во низа, тренерот славеше со акробации (ВИДЕО)