Пријателски: Шкендија со реми за крај во Анталија, Арсими убедлив против Кожув!

119
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Шампионот попладнево ја одигра својата последна пријателска средба во Анталија. Шкендија – Ордабаси 1:1 е исходот од оваа контрола на македонскиот првак против составот од Казахстан. Инаку Ордабаси поведи со голот на Мејли во првото полувреме, а во финишот Шкендија со голот на Трумчи успеа да го израмни резултатот за конечни 1:1.

По оваа пријателска средба експедицијата на Шкендија се враќа дома каде ќе ги финишира своите подготовки во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната 2025/26, во кој тетовци на 19 и 26 март играат и во Лигата на Конференции против турскиот Самсунспор.

Во Гостивар, Арсими со 3:0 славеше против Кожув.

ПретходноФлик: Јамал може да го подигне нивото уште едно ниво
СледноМбапе со гол од пенал во 90+10.минута успеа да го спаси Реал Мадрид од нов срам!