Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се врати меѓу 200-те најдобри светски тенисерки на најновата ВТА листа објавена денеска.
Нашата тенисерка изминатиов период настапи во квалификациите за Австалија Опен, а стигна и до втората рунда на силниот Челинџер во Порто, по што успеа да освои нови бодови за скок од 12 места на новата ВТА листа на која собра 373 поени.
Лина сега е на 194-то место со надеж дека во следниот период може да го нападне и својот најдобар пласман во кариерата (170-то место).










