Емил Рајковиќ и Тофаш претрпеа втор пораз во групната фаза од главната рунда во ФИБА Лигата на шампионите. Пред свои навивачи турскиот тим денеска беше поразен од грчки АЕК по продолженија со 90-93.
За Тофаш ова беше исклучително важен меч во битка за првото место на табелата во групата. Сега со два порази останува зад лидерот АЕК кој веќе прокнижи три победи, додела Алба ги следи момците на Рајковиќ со една победа и пораз во два досега одиграни дуели.










